Претпоследната рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад помина во знакот на домаќините, кои, забележаа пет победи во исто толку натпревари.

Најубедлив триумф славеше тимот на Кораб пред своите гледачи против Сатеска 6-1, додека идентични победи обезбедија Караорман и Лирија кои со 5-2 ги совладаа Фљамуртари односно Велешта. Најефикасен меч одиграа Преспа и Влазними 6-2, а Октиси опстанокот го завери со триумф над Кравари 2-0.

Последната рунда во Третата лига нема да има резултатско значење и бодовите ќе бидат престиж, а не потреба.

Резултати: Караорман – Фљамуртари 5-2, Лирија – Велешта 5-2, Кораб – Сатеска 6-1, Октиси – Кравари 2-0, Преспа – Влазними 6-2.

Табела: Кораб 55, Преспа 40, Караорман 38, Лирија 36, Фљамуртари 36, Кравари 35, Влазними 33, Сатеска 29, Велешта 29, Охрид 29, Октиси 29, Воска 26, Могила, Баир Кркардаш.

OhridNews