Нови 185 случаи на КОВИД-19 од 1876 тестирања се регистрирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 523 пациенти, починати се 12 во изминатото деноноќие и дополнително тројца во периодот 29 септември – 3 октомври 2021.Од новодијагностицираните позитивни на коронавирус, 99 се од Скопје, Велес и Кочани имаат по 14, Кавадарци – 12, Штип – 11, Свети Николе – осум, Куманово – шест нови случаи, Охрид – пет, Струмица – четири, Прилеп, Виница и Пробиштип имаат по два нови, а Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци по еден нов случај. Во моментов во Охрид активни се 486 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: пет се од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 29 септември до 3 октомври 2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови а две лица починале во домашни услови.
OhridNews