Во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19, од кои 9 во Охрид, 4 во Струга, 51 во Скопје, 20 бо Кочани, 15 во Прилеп, 13 во Тетово…

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.

OhridNews