Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19, од кои 5 во Охрид, а 7 во Струга. И натаму најголемо жариште е Скопје каде се регистрирани 64 нови случаи, по што  следар: Куманово 8, Штип 6, Прилеп 3, Тетово 16, Струга 7, Велес 5, Битола 4, Охрид 5, Гостивар 9, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Кратово-1, Свети Николе 7, Кичево 4, Ресен 4.

Министерството за здравство информира и за 6 починати лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611.

Г.М.