Во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на Ковид-19, од кои 5 во Охрид, информира Министерството за здравство. Најмногу новорегистрирани случаи има во Скопје – 80, по што следат: Куманово 6, Штип 1, Прилеп 3, Тетово 24, Струга 1, Велес 3, Охрид 5, Гостивар 4, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Кичево 1, Ресен 4 и Неготино 1.

Министерството информира и за 8 починати лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти: Скопје 26, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 6, Велес 4, Гостивар 2, Кочани 1, Пробиштип 1, Кратово 1.

Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095, соопшти Министерството за здравство.

OhridNews