Петмина нови пациенти со корона вирус се регистрирани денеска во земјава, изјави на прес конференција вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Позитивни се резултатите на една пациентка на возраст од 54 годни која се вратила од Холандија ноќта помеѓу 12 и 13 овој месец. Таа развила симптоми и денеска се јавила на инфективната клиника. Контактирани се членовите на семејството, таксистот кој ја возел, како и 31 лице кои со неа патувале во авионот. Попладнево се тестираа уште 10 лица од Дебар, седум со симптоми, од кои четворица се позитивни на корона вирус. – изјави министерот Филипче.

Министерот за здравство информираше дека добиле известување од приватната болница на Жан Митрев за двајца пациенти со симптоми на грип. Тие биле третирани според протоколот на болницата,  направени биле тестови на корона вирус кои се позитивни, а кои ние заради нашите протоколи ќе ги повториме утре, истакна Филипче.

Во земјава заклучно со денешниот ден официјално се регистрирани 25 случаи на корона вирус.

Г.М.

Филипче: Пет нови случаи на корона висус во земјата