Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од денеска достапни уште пет нови наслови, информираат од охридската Библиотека.

Станува збор за книгите „Ирене“ и „Крвава венчавка“ од Пјер Лемтер, „Овој човек“ од Џоди Елен Малпас, „Париската сопруга“ од Пола Меклејн и „Затвори ги очите“ од Рејчел Абот. Сите книги се од издавачката куќа „ Книгохоличари“, додаваат во соопштението.

Потсетуваат дека годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари, а до почетокот на септември, библиотеката за читатели е отворена секој ден од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот.

OhridNews