И оваа среда пет нови наслови кои може да се зајмат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид. Станува збор за „Убавина до болка“ од Џорџија Кејтс, „Невестата“ од Џули Гарвуд, „Соба“ од Ема Донохју сите три во издание на Книгохоличари, „Забранет допир“ од Памела Клер – издавач Сакам книга, како и „Ќерката на математичарот“ од Венко Андоновски во издание на Три.
Библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот. Таа е од отворен тип и читателите слободно можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката, информираат од Установата.
Прличевата одаја, велат, во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.
OhridNews