Изложбата во Монтереј, во заливскиот аквариум „Дожиување на медузите“, привлекла големо внимание кај јавноста. Медузите биле изложени во аквариуми и изгледале хипнотизирачки. Компанијата “Jellyfish Art” им овозможила на вљубениците во овие жители на длабочините купување на аквариуми за своите домови. Бизнисот бил во развој и нема сомнение дека медузите ќе бидат следните домашни миленици кои ќе бидат во тренд. Основачот на компанијата, Алекс Андон не бил следбеник на трендовите, туку студент по морска биологија. Кога во 2008 година останал без работа, одлучил својата опседнатост со медузите да ја претвори во бизнис.

Андон рекол дека медузите се многу спори и без мозок, поради што се смета дека се ранливи. Меѓутоа, според него, тоа не било точно, бидејќи тие опстојуваат повеќе од 500 милиони години. На сите им се допаѓале изложбите па така ја добил идејата за бизнисот. Проблемот со медузите бил во тоа што заглавувале во аглите на нормалните аквариуми. Со помош на дизајнер, направил атрактивни аквариуми, со заоблени агли, кои изгледале многу модерно. Бидејќи немал пари, својот бизнис план го поставил на интернет, во надеж дека ќе собере 3000 долари, а собрал повеќе од 150 илјади долари. Овој почеток бил доволен да нарача аквариуми од една кинеска фабрика и да го започне својот бизнис.