Предлогот на Шкотската фудбалска асоцијација е да се воведе четврта замена, која може да се искористи, само ако мечот влезе во дополнителни 30 минути.
ИФАБ, во која членки се сите британски фудбалски федерации, како основачи на ФИФА, плус четири претставници на светската централа бара да се воведат „привремени исклучувања“ за играчите, сè со цел да се воведе поголема дисциплина во играта. Според нив, играч кој ќе добие жолт картон, ќе оди на „ладење“ пет до десет минути, а тимот ќе продолжи да игра без него.
Донесувањето на одлуките на ИФАБ е со двотретинско мнозинство, а фудбалот како игра важи за една од најконзервативните кога се во прашање измените на правилата. Евентуалните измени би стапиле на сила од есен.