Автомобилот Мерцедес Бенц 300SL од 1955 година се очекува да постигне вртоглава цена од пет милиони долари кога следниот месец ќе се најде на аукција во Њујорк. Овој спортски модел, со врати кои се отвараат на горе, е еден од најбараните болиди на познатиот германски производител.
Во светот постојат само четири примероци од овој модел, од кои само два се сочувани во првобитната состојба. Во аукциската куќа Сотби веруваат дека тоа ќе биде рекордна продажба на еден ваков автомобил. Неколку славни возачи своевремено управуваа со понудениот мерцедес, меѓу кои и легендарниот пилот на Формула 1, аргентинецот Хуан Мануел Фанџо.