Забременување на пет 14-годишни ученички, кои учествувале во игра на
групен секс, предизвика голема вознемиреност во јавноста во религиозната
Полска, јавува „Макфакс“.

Главна полемика деновиве во Полска се води за тоа дали преголема
конзервативност, поради која се нема сексуално образование во
училиштето, а ниту пак родителите говорат за тоа со своите деца,
доведува до предвремени бремености.

По откривањето на скандалот, се дознало дека децата во Полска играле
игри, односно оргии, кои ги нарекувале сонце или ѕвезда.

Девојчињата лежат на подот во круг со споени глави и затворени очи.
Нивните пријатели се менуваат во сексот со нив. Победник е оној кој ќе
успее најмногу да издржи во сексот, открил еден нивен соученик за
полските медиуми.

Полското обвинителство го истражува случајот, забележувајќи дека ни
учителите, ниту родителите не сакаат да соработуваат.

OhridNews
извор: „Макфака“