Околу 200 краткометражни, документарни и играни филмови меѓу кои и пет од земјава, ќе бидат прикажани на Меѓународниот фестивал на филмови за млади „Тисфест“, кој веќе три дена се одржува во Истанбул, Турција.
Во програмата, во кои филмовите се трематско организирани, ќе биде прикажан македонскиот краткометражен филм на режисерот Игор Алексов „Епизодист“, „Синот“ во режија на Марко Ѓоковиќ“, „Митот на Сара“ на Саша Станишиќ, Нашите во Станбол“ на Елизабета Конеска“, како и филмот „Образ“ во режија на Стефан Сидовски.
Освен филмските остварувања на режисерите, програма на посетителите и нуди можност за учество на мастер-предавања организирани од експерти од областа на филмската индустрија.
OhridNews