Бројот на жртви во поплавите што ја зафатија Србија се искачи на пет, 700 луѓе се евакуирани, а илјадници домаќинства останале без електрична енергија, објави телевизијата Б92, пренесува „Макфакс“.

Владата на Србија денеска прогласи вонредна состојба на територија на цела држава. 

 

Како што јави Б92, во поплавите настрадал Д.Л. (42) од Тополе, кој загинал во спасувачка акција на реката Јасеница, а кој се водеше како исчезнат. Две лица загинале во Лајковац, и по едно лице во Белград и Нови Сад.

Во цела Србија состојбата е алармантна, Ибарската магистрала и повеќе патни правци се затворени за сообраќај, а нивоата на реките продолжуваат да растат.

Според премиерот Александар Вучиќ ова е најголема катастрофа во историјата на Србија, објави Блиц. Официјална Србија денеска побара помош за справување со поплавите од Русија и ЕУ.

До сега се евакуирани 700 луѓе, без електрична енергија останале 100.00 домаќинства, а наставата е откажана во 400 училишта во државата, јавува Б92.

OhridNews
извор:„Макфакс“