Во сообраќајна незгода која синоќа околу 21.20 часот се случила во близина на бензинската пумпа кај струшкото село Враништа повредени се пет лица.
Во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила- Опел, во кое имало едно лице, со швајцарски регистарски таблици и Фиат со струшки таблици, во кое се наоѓале четири лица.

До незгодата дошло кога возилото Опел во еден момент се префрлило на спротивната коловозна лента при што дошло до директен судир.
Петте лица кои се наоѓале во судрените возила се здобиле со полесни телесни повреди, а по укажаната медицинска помош во струшката Општа болница пуштени се на домашно лекување.

Во сообраќајната незгода причинета е голема материјална штета.