Покрај силното обезбедување, се води посебна сметка и за сместувањето на гостите од различните религии. Дел од сместувачките капацитети во хотелите „Метропол“ и „Белви“ се преадаптирани за верски обреди и молитви, а храната се подготвува во посебни услови. За тоа се задолжени пет различни кујни во кои ќе се приготвува храна посебно за муслиманските верници, Евреите, христијаните….
– Имаме Халал, Кошер, Вегетаријанска, Муслиманска и Христијанска-православна кујна. Има јадења со свинско, без свинско, со млеко, без млеко….Храната ќе се послужува на три посебни маси, а доста ќе биде застапена и нашата национална кујна, ни изјави Љупчо Гиевски-шеф на кујна во х. „Александар Палас“, кој е одговорен за подготовка на храната за учесниците на Конференцијата.