Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се две кривични дела ,,Кражба“ едно кривично дело ,,Одземање моторно возило“ и две кривични дела ,,Оштетување“ . Јавниот ред и мир е нарушен во три случаи а евидентирани се две сообраќајни незгоди во кои е предизвикана помала материјална штета.
На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани се три кривични дела ,,Кражба“ и едно нарушување на јавниот ред мир. Во истиот период евидентирана е една сообраќајна незгода со предизвикана материјална штета.
На станичното подрачје Кичево, евидентирано е едно нарушување на јавниот ред и мир.
На подрачјето на Полициската станица Дебар, регистрирано е едно кривично дело ,,Загрозување со опасно орудие“.
Против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ohridnews