На подрачјето на СВР Охрид, во текот на празничниот продолжен викенд, регистрирани  се  пет кривични дела (КД) „Кражби“ две кривични дела „Оштетување туѓи предмети“ едно кривично дело (КД) „Одземање патничко моторно возило“ и едно кривично дело „Загрозување со опасно орудие“.  Јавниот  ред и мир  е нарушен во четири случаи а евидентирани се пет сообраќајни незгоди   во кои е предизвикана помала  материјална штета, соопшти СВР Охрид.
 
На подрачјето на Полициската станица Струга, регистрирано е едно КД „Кражба“. Јавниот ред и мир  е нарушен во еден случај, а  евидентирани се 2 сообраќајни незгоди  со предизвикана   материјална штета.

извор: СВР Охрид