Општата болница  во Струга денеска доби пет кислородни концентратори, донација од организацијата „ОХ Калири и Миресис“ од Скопје во соработка со „Исламик Релиеф“ од САД.

Директорот Арменд Арслани, ќе вели дека апаратите ќе бидат наменети за Интерното одделние, но и во оние оддели каде што ќе има потреба.

Со новата донација ќе се подобри здрвствената заштита на пациентите, а ќе се олесни и работата на нашите лекари, истакна Арслани.

Во Интерното одделение, појасни има централен довод на кислород до неколку кревети, а централен довод има и во модуларната болница која беше направена во екот на пандемијата.

Овие концентратори на кислород ќе ни користат кај пациенти кои имаат индикации за потреба од помали количини кислород. Ќе овозможат функционалност кога е потребна помош од кислород, појасни Арслани, посочувајќи дека апаратите ги добиле на негово барање.

Ова е втора донација на организациите „ОХ Калири и Миресис“ и „Исламик Релиеф“ за болницата во Струга. Минатата година донирале 50 нови кревети и исто толку плакари за потребите на болницата.

OhridNews