Францускиот електронски дует „Дафт Панк“ освоил пет Греми награди, најголеми признанија на американската музичка индустрија, вклучувајќи ја и наградата за албум на годината за “Random Access Memories”. Дуетот за песната “Get Lucky” добиле признанија за снимка на годината и за најдобра снимка на поп група, додека “Random Access Memories” е награден како денс албум на годината и надобро снимен албум.
Рап дуетот од Сиетл „Меклемор енд рајан Луис“ благодарение на албумот “The Heist” и песната “Thrift Shop” осволиле четири Гремија, вклучувајќи го и она за најдобри нови уметници. Седумнаесетгодишната девојка од Нов Зеланд Лорд благодарение на “Royals” е наградена за песна на годината и најдобра соло поп интерпретација.