На Рајан Колинс, кој во периодот од 2012 до 2014 година провали во електронската пошта на 18 холивудски ѕвезди, му се заканува затворска казна во висина до пет години, пренесуваат американските медиуми. Меѓутоа, доколку Колинс се одлучи за соработка со судот и ја признае вината, судијата би можел да му ја намали казната на само 18 месеци зад решетки. Да потсетиме, Колинс во периодот од две години успеа да провали во приватните мејлови на холивудските актерки и да украде нивни интимни фотографии.

Меѓу неговите жртви се оскаровките Џенифер Лоренс и Скарлет Јохансон, чии фотографии се најдоа на насловните страници на сите светски таблоиди. Освен тие две, на мета на овој хакер беа и Кирстен Данст и Џесика Алба. Меѓутоа, бидејќи скандалот со Џенифер Лоренс изби непосредно откако актерката освои Оскар, единствено таа го прокоментира апсењето на Колинс. Изјави дека тоа што го стори тој е одвратно.