На американецот Џон Вокер му се заканува петгодишна казна затвор бидејќи ја читал електронската пошта на сопругата без нејзино знаење. Обвинението го товари дека своето знаење како компјутерски техничар го искористил за да упадне во меилот на својата сопруга Клер на заедничкиот куќен лаптоп. Така открил неколку пораки кои го потврдиле неговото сомневање дека таа го изневерува со нејзиниот поранешен сопруг.


Вокер во своја одбрана навел дека бил загрижен за нивната едногодишна ќерка која би можела со мајката да се врати кај нејзиниот поранешен сопруг, кој на полицијата и бил познат по насилното однесување. Вокер и сопругата се развеле на почетокот на декември кога тој бил уапсен поради хакерство. Неговото судење е закажано за февруари, а му се заканува казна затвор од пет години.