Охридњуз објавува серијал текстови во кои ќе ги претстави успешните охридски приказни во годината што измина, кои се позитивен пример и мотив за заедницата.
Културолошката иницијатива „5 до 12“ пет години успешно ја збогатува и надградува културната сцена во Охрид.
Атерантивното културно лето кое изобилува со креативни настани кои се повеќе го привлекуваат вниманието на јавноста од година во година, е само еден сегмент од бројни успешно реализирани проекти на КИ „5 до 12“ кои полека се етаблираат во културната понуда на градот.
Овие 5 години ги одбележа едно дружење на младите. Тие го препознаваат тоа што го работиме, а нас ни е многу мило што ова го работиме. Многу се радуваме кога гледаме како другите уживаат во нашите настани и на кое ниво од година во година напредуваме, велат ентузијастите од КИ „5 до 12“, кои во разни форми се дел од најзначајните културни настани во Охрид.
За успешна „Културна приказна“ во градот признание OhridNews додели на КИ „5 до 12“.
Успешната културна приказна е поместена во 10-то издание на Годишната ревија на настани за 2023 година.
OhridNews