Утре се навршуваат пет години од трагичната смрт на претсадателот на државата Борис Трајковски, кој заедно со уште осуммина негови соработници и членови на екипажот, загина во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година кај Мостар -БиХ.

Петгодишнината од загинувањето на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски ќе биде одбележана со полагање цвеќе  и повеќе пригодни манифестации во неговата родна Струмица и во Скопје.

Традиционално годишнината од смртта на Борис Трајковски  ја одбележуваат и алпинистите од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија кои минатиот петок тргнаа на петдневен планинарски марш до Скопје, каде што по изминатите 200 километри ќе се поклонат пред вечниото почивалиште на претседателот Борис Трајковски.

Ohridnews