Денеска се навршуваат пет години од смртта на истакнатиот охридски новинар Никола Маневски.
Градејќи ја својата речиси четиридецениска кариера, Никола Маневски остави неизбришлива трага во македонското и охридското новинарство. Овој хроничар со истенчено чувство за пишување, високо одговорно ја извршуваше својата професија, поставувајќи стандарди на работа и однесување кои се пример за професионалност.
Неговиот труд е втемелен во “Радио Охрид”, беше дописник на “Вечерње новости” и “Борба”, основач на информативната служба на “Отекс” и весникот “АМАК-ПРЕС “. Автор е и на исклучително вредни новинарски проекти, кои ќе останат за идните генераци. Како новинар постојано се соочуваше со нови предизвиции, но и со препреки, кои мошне умешно ги прескокнуваше. Беше голем борец за зачувување на достоинството на професијата.
И како портпарол на Општина Охрид, позиција на која го затекна ненадејната смрт, Маневски остана доследен на новинарските начела. Функцијата ја обавуваше крајно коректно и одговорно, но не се плашеше јавно да ги изнесе своите лични ставови по одредени актуелни теми, за што сведочат неговите колумни објавени во медиумите.
Во декември 2010 постхумно беше објавено делото „Чувства без наслов, единствената книга на Никола Маневски.
OhridNews
Колумна: За достоинството на охридското новинарство
Една од последните колумни на Никола Маневски објавена на OhridNews