Денес се навршуваат пет година од ненадејната смрт на проф. д-р Јован Стојаноски, кој во 2017 година беше избран за Градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ.
Во 2019 година на прерано починатиот градоначалник му беше постхумно, доделено највисокото општинско признание „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2019 година. Со постхумното доделување на највисокото општинско признание, наградата „Патронот на градот – Св. Климент Охридски“, на градоначалникот Стојаноски му се оддаде должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.
Стојаноски беше и долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Беше носител на советничката листа на локалните избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013 – 2017.
OhridNews