Дерек Ненс пред пет години заболел од болест за која никој од лекарите до кои се обратил не знаел како да ја излекува. Му советувале да оди на разни диети, тој ги послушал и станал вегетаријанец. Но, по извесно време открил дека му помогнало сировото месо. Имено, додека истражувал како да ја излечи својата болест, Ненс наишол на човек кој пател од истата болест и кој му објаснил дека единствен начин со кој бил можел да се излекува е многу строга диета која вклучува само сирово месо. Таквиот режим на исхрана го осмислил стоматологот Вестон Прајс кој многу се интересирал за сировата храна. Според неговите зборови, луѓето кои во минатото исхраната ја темелеле на сирова храна биле многу поздрави.

Ненс, кога започнал со таквата прехрана, најпрво боледувал од дијареа, за која рекол дека била фаза на прилагодување. Но, кога организмот му се прилагодил, видел дека таквиот начин на прехрана му помага. Бил толку задоволен колку таа диета му помогнала што одлучил да ги мие забите со животинска маст. Неговите пријатели и девојка, која е вегетаријанка, имаат целосно различни ставови за прехраната. Но, покажуваат разбирање за негговите навики во исхраната.