Поради недостиг на средства рускиот клуб го откажа настапот во Лигата на Шампионите, а организаторите на струшкиот ракометен турнир имаат резервна опција ако Чеховски Медведи се одлучи да не учествува на турнирот пренесува „Македонски Спорт“.
Гледајќи по имињата на екипите струшкиот ракометен турнир ќе ги засени сите турнири кои организираат на Балканот. Теренот на “Женска Плажа“ се припрема и се очекува турнирот да блесне со сиот свој сјај.
Ждрепката ќе биде полудиригирана со тоа што Металург и Вардар не ќе можат да падна во групната фаза, а вистински спектакл ќе биде ако лутите ривали се сретнат во финалето од 41-то издание на струшкиот ракометен турнир.
Минатата година на јубилејното 40-то издание триумфираше Металург победувајќи го Динамо Минск во финалето.