Колумбиската пејачка Шакира повеќе не е пожелна на стадионот на Реал Мадрид „Сантјаго Бернабе“. Тоа е така поради новото момче на Шакира, фудбалерот на Барселона Жерар Пике, а во Мадрид процениле дека пуштањето на нејзините песни  навивачите би можеле да го протолкуваат како провокација.


Шакира претходно често била гостин на натпреварите на Реал, а претседателот на клубот Флорентино Перез дури и подарил дрес од Зинедин Зидан со бројот пет. Популарната пејачка се фотографирала со звездите на клубот Роберто Карлос, Роналдо, Дејвид Бекам, но и дошол крај и на оваа љубов.