Ексентричната поп ѕвезда Лејди Гага поставила нов рекорд од две милијарди прегледи на нејзините песни на интернет. Таа бројка ја достигнала само на нејзиниот официјален канал Вево, со што станала првиот женски изведувач кој го поминал овој праг. Имајќи во предвид дека бил отворен на 11 мај 2009 година, налогот бележел повеќе од два милиони посети дневно.

Од 71 снимка пристуни на овој канал најгледани биле нејзините музички спотови. Спотот за песната “Bad Romance” бил најгледан со 430 милиони посети, а потоа следувале спотовите за песните “Alejandro” (160), “Just Dance” (146), “Telephone” (128) i “Judas” (121). Апсолутен рекордер бил Џастин Бибер со 2,2 милијарди прегледи, а на третото место се наоѓал Еминем.