Познатото српско културно гласило „Књижевне новине“ објави превод на неколку песни од познатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, под наслов „Извештаи на рисот“. Песните се дел од книгата на Димоски со ист наслов која требаше да биде издадена минатата година, но не се објави поради недостиг од парични средства. Книгата содржи 15 асоцијативни песни.
Славе Ѓорго Димоски е автор на голем број поетски книги меѓу кои Гравири, Студен порив, Последните ракописи, Форми на страста, Темно место, на неколку есеистички и на четрири детски книги. Десет негови книги се преведени на други јазици, а поединечни песни и поетски циклуси преведени се на дваесет и седум јазици. Добитник е на повеќе домашни и странски награди.
OhridNews