Деновиве во Израел во неколку специјализирани списанија за литература објавени се повеќе песни на познатиот поет од Охрид Славе Ѓорго Димоски на хебрејски и арапски јазик.

Преводот на хебрејски е на проф. д-р Наим Араиди, од Универзитетот во Хаифа. Песните на aрапски јазик ги преведе проф. д-р. Моаен Шалабија.


Со овие препеви поезијата на Славе Ѓорго Димоски е преведена на 27 јазици. Во печат се наоѓаат и две книги препеви на шведски и полски јазик. Со нив од охридскиот поет во светот се преведени 10 книги.

OhridNews