Петнаесет нови препеви на песни од познатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, се објавени во престижното руско литературно списание „Поетска планета“.

Станува збор за исклучителна публикација која, веќе шест години излегува во последната недела од декември и во која се објавуваат актуелни стихови на поети од сите континенти.

Публикацијата е во издание на “Библиотека МАРР – Меѓународна асоцијација на писатели и публицисти” од Москва.

Во најновото издание затапени се 100 поети од 32 земји во светот.

И овојпат преводите на песните се на Олга Панкина, извонреден преведувач од Македонски на Руски јазик. Таа меѓу другото, ги има преведено и романите “Пиреј” од Петре М. Андреевски и “Големата вода” од Живко Чинго.

OhridNews