Музичарите Робин Тик, Фарел Вилијамс и Т.И благодарение на хитот „Blurred Lines“ освоиле номинација за Греми во 2013, светска слава, но и многу различни комнтари поради разголениот спот. Во секој случај, секој од нив заработил по пет милиони долари. Сепак, кога песната се појави на многумина им звучеше познато, посебно на семејството на славниот музичар Марвин Геј. Судот во Лос Анџелес пресудил дека песната е плагијат на песната „Got to Give it Up“ од 1977 година. Така поротата на семејството на познатиот пејач му доделила 7,3 милиони долари оштета.

 

Децата на Марвин, Нона, Френки и Марвин Геј Трети биле присутни во судницата при изрекувањето на пресудата и задоволно ги триеле рацете. Судскиот процес траел само две седмици, а Фарел Вилијамс сведочел дека песната ја напишал само во само еден час кон средината на 2012, и дека заедно ја снимиле само за една ноќ. Додал и дека Геј бил музичарот на неговата младост, но порекнал дека користел нешто од славниот музичар.