Спотот од песната „Hardest Rough“, што требаше како пилот сингл да го најави англискиот деби албум на Тоше Проески ексклузивно ќе биде промовиран на финалната вечер од изборот на песна за Евровизија што ќе се одржи во Белград – Србија. Организаторите на иницијатива на фановите од целиот Блкан ќе посветат дел од Евросонгорт на прерано починатата македонска музичка ѕвезда. Спотот за „Hardest Rough“, бил снимен пред година и пол на Јамајка. Во меѓувреме Тоше постхумно доби уште едно признание. Тој доби награда за животно дело на фестивалот што го организраа босанската национална телевизија и неколку други медиуми и промотивни агенции од Сараево. Наградата ја примил амбасадорот на Макеонија во БиХ, Михајло Трпковски.
ohridnews