Во периодот од 1-ви до 10-ти август 2014 година, Охрид по трет пат ќе биде домаќин на фестивалот на народна музика „Песна на летото“. Овој музички настан кој на едно место ќе собере голем број македонски фолк ѕвезди, го организира радио „Лав“ со поддршка на општина Охрид.
На првата фестивалска вечер публиката ќе може да ужива во изворната народна песна во изведба на Даниела Темелковска, Орце Стефкоски, Виданка Георгиева, Билјан Стојаноски и многу други македонски пејачи.
Втората вечер е насловена „Фолк хит на летото“ и истата е посветена на новокомпонираните македонски народни песни. И во рамки на оваа вечер ќе настапат познати звучни имиња од македонската естрада и тоа: Јордан Митев, Гонце Гогова, Петар Нечоски, Елена Велевска, Микле Симовски, Татјана Стефаноска, Јуле и Кисми, Група Маестрал и уште многу други.
Третата фестивалска вечер ќе биде вечер на ора и песни, на која ќе настапат голем број на културно-уметнички друштва и фолклорни изведувачи од Македонија.
OhridNews