Од осмото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца остaнаа уште два дена.

Вчера се одржа традиционалниот натпревар во “фаjчање” риба на јадица и започна дводневната работилница за модерен танц.

Главен настан беше настапот на атрактивните и одлични забавувачи – брачната двојка Стефани Стефановска – Мурат и Денис Мурат. Со изборот на музиката и интерпретацијата тие ја освоија публиката и ја кренаа на нозе.

Стефани и Денис во Трпејца не се прв пат, настапија и лани на отворањето на истата манифестација а велат дека чекаат покани и за идните лета. Годинава беа во придружба на месец ипол возрасниот син Каин, за кого велат дека ќе биде идниот тапанар и дел од нивните дружби со музиката.

На Каин не му пречеше гласната музика и спиеше, му годеше трпејчката клима. Задолжени да го чуваат беа неговите баба и дедо Сузана и Бране Стефановски – новинари по професија и исторвремено музучки потковани.

Денеска се одржа традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“, вечерва од 20 и 30 ќе биде настапот на посетителите на Работилницата за модерен танц во организација на студиото „Соната“од Охрид.

Утре, манифестацијата „На зајдисонце“ ќе биде заокружена со традиционалната прошетка низ Националниот парк Галичица и концертот на фолк групата САРАЈ од Охрид, закажан во 20 и 30 часот.

OhridNews