Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американската телевизија Пи-Би-Ес (ПБС) изјави дека Русија ќе посегне кон нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина.
Имаме безбедносен концепт, што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да употребиме и ние навистина ќе употребиме нуклеарно оружје за да ја елиминираме заканата за постоењето на нашата земја, посочи Песков.
Тој додаде дека каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба за нуклеарно оружје“.
Песков неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден за претседателот на Русија, Владимир Путин ја оцени како неприфатлива.
Не е на претседателот на САД да одлучува кој ќе биде, а кој нема да биде претседател на Русија, за тоа одлучува народот на Русија на избори, посочи Песков.
OhridNews