Ловците на фосили тврдат дека пештерските луѓе се хранеле со печени желки. На шпанскиот брег пронајдени се преку 500 скелети со траги од човечки заби и скршени оклопи. Тврдат дека се стари повеќе од 2,5 милиони години.
Видот на желките е ист како денешните куќни љубимци. Научниците од универзитетот во Тарагони пронашле и остатоци од зајаци, птици, слонови, коњи, лососи, мајмуни и срни. Но, не може со сигурност да се тврди дека и тие служеле како храна.