На состанокот, ќе бидат презентирани предвидените активности од проектите „Доброволно предавање на нелегално оружје„ и „Превенција од злоупотреба на оружје„. кој се одвива под мотото „Да прославиме без оружје„.
Целта на овие проектни активности е едукација на населението за законската легислатива од Законот за оружје, укажување на потребата од избегнување на неовластена употреба на оружје, а особено негово користење на разни свечености и можните ризици и опасности од неговата злоупотреба.
Средбата со советодавната група граѓани ќе биде искористена и за конкретизирање на мерките за едукација на учениците за опасностите при употреба на пиротехнички средства.
На истата тема, утре од 18 часот, во просториите на поранешната Општина, ќе биде одржан 19-от состанок со советодавната група граѓани од Косел.
Во врска со овие планирани проектни активности, на состанокот, на кој ќе биде презентиран видео и пропаганден материјал, свои излагања ќе имаат претставници на Советот на родители, Секторот за внатрешни работи Охрид, Секторот за Образование во Општините Охрид и Дебрца, од Локалниот совет за превенција,Општата болница Охрид, Невладините организации, Црвениот крст, ОБСЕ .