Пештани, забрзано се подготвува за летната сезона. Деновиве, се врши разубавување и уредување на центаралниот дел од населбата. Покрај  поставување на ивичњаци и уредување на тротоарите, просторот во центарот на селото ќе биде целосно асфалтиран и поплочен.


– Центарот на Пештани после 40-тина години, ќе заличи на центар каков доликува на урбана населба.  Жителите на Пештани конечно ќе го решат горливиот проблем со непостоење тротоари вдолж главната сообракајница која, всушност, е магистрален пат кон  „Свети Наум“ и државната граница со соседна Албанија.-велат од Општина Охрид, која е главен изведувач на овие градежни зафати.


Пештани забрзано се подготвува за летната сезона

OhridNews