Жител на Пештани од локалната власт и надлежните министерства бара да извршат  контрола и преземат мерки поради, како што вели тој, континуираниот чад и реа кои се шират околу казанот за печење на ракија во сопственост на црквата Св. Врачи Кузман и Дамјан , која се наоѓа на плоштадот  Поленка во селото Пештани, а во непосредна близина на дворот на неговата куќа.

Овластените инспектори за екологија нека се произнесат дали казанот за печење на ракија е изграден, лоциран, опремен   и одржуван согласно законските  прописи со цел да се спречи, намали и контролира негативното влијание врз квалитетот на воздухот и влијанието врз здравјето на луѓето. Увидот и мерењата нека бидат направени согласно законските прописи, со цел да се утврди смрдеата од комиња и чад кои ги испушта казанот за печење на ракија во различна фаза од технолошкиот процес, вели жителот од Пештани.

Тој потенцира дека и покрај неговите бројни испратени барања, од страна на овластениот инспектор за животна средина единствено добил информација околу квалитетот на водата што истекува од казанот во езерото, но не и околу загадувањето на воздухот.

Пештанецот бара да се постапи по неговото барање и благовремено да биде информиран.

OhridNews