На втори декември оваа година во 18 часот и 30 минути, кај населбата „Лагадин“ во Охрид, поради вршење незаконит риболов, приведен е 29-годишен жител од охридското село Пештани, информира СВР Охрид.

Приведувањето е извршено во момент кога тој, од метално кајче со кое пристигнал на брегот на Охридското езеро, пренесувал пластична гајба со две рибарски мрежи и 95 парчиња риба Охридска белвица. Уловот е одземен и предаден во Хидробиолошкиот Завод од Охрид. – истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Во моментов Охридското Езеро нема концесинер.

OhridNews
фото: архива