Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајцата жители од охридското село Пештани на возраст од 33 и 24 години.
На 4 јуни во 18 часот, во близина на селото, полициски службеници ги забележале пријавените при излегување од водите на Охридското Езеро а во нивниот чамец, пронашле рибарски мрежи и 52 парчиња риба Охридска пастрмка во вкупна тежина од 28,62 килограми. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33 годишен жител од струшкото село Калишта и 29 годишен жител од селото Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Двајцата, на 2 јуни во 21 часот, им се спротивставиле на полициските службеници да извршат контрола и легитимирање на гости во угостителски објект лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Дополнително, пријавените ги спречиле полициските службеници да преземат службени мерки кон лица кои не ја почитувале уредбата за носење заштитна маски. Контролите биле преземени во соработка со Државниот пазарен инспекторат со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на заразна болест Ковид 19, информира портпаролот Димовски.
OhridNews
Фото: Архива