Вчера попладне во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило „ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен охриѓанец, удрило во 18-годишен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид При ударот било оштетено паркирано патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на несреќава извршен е увид.

Ова е втора сообраќајна несреќа за краток период во Охрид во која страда пешак. Пред два дена на булеварот „Туристичка“ 43-годишна жена беше удрена од возило при што се здоди со тешки телесни повреди.

Г.М.