Синоќа околу 19;30 часот, на регионалниот пат Струга – Дебар, кај струшкото село Велешта, патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 36-годишно лице од селото Велешта, удрилo во пешак (49) од село Подгорци.

На пат кон општата болница во Струга повредениот починал, информира СВР Охрид.

На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.

OhridNews