Вчера во 13 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат село Подмолје–Ќафасан, во населба Теферич, патничко возило „фолксваген шаран“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 77-годишен жител на село Радолишта, струшко, удрило во пешак (71) од истото село.
Во незгодата пешакот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“-Охрид.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.