Вчера  13,00 часот било пријавено дека на регионален пат Охрид-Св. Наум патничко моторно возило “пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од 21-годишен скопјанец удрило во пешак (70) исто така од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешка телесна повреда и бил хоспитализиран во специјализираната болница “Св.Еразмо“-Охрид.

Исто така вчера, во 10,34 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Мелнички мост се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со охридски регистарски ознаки управувано од 47-годишно лице од с.Подгорци и мопед „соник“ со струшки регистарски ознаки управуван од 16 годишник од с.Мороишта.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кпј бил хоспитализиран во Медицинскиот центар Струга.

OhridNews