Белгискиот град Антверпен одлучил своите улици и тротоари да ги збогати со нови патеки, но не велосипедски. Овие патеки најмногу ќе ги израдуваат зависниците од мобилни телефони бидејќи се направени токму за нив. Пешачките патеки означени со бела боја и со натпис „Стаза за типкање порака“ дизајнирана е така да по неа би се движеле сите оние кои се зверат во мобилните телефони и пишуваат пораки додека чекорат како е би им сметале на останатите пешаци.

 

Патеките се поставено во соработка со холандската компанија за смартфони “MLab”. Целта е да се спречат скршените екрани и тастатури кога корисниците на мобилни телефони ќе се судрат со останатите пешаци. Како што е објавено во октомври 2014 година, во светот денес има повеќе мобилни телефони отколку жители на планетава. До денес, телефони приближно има 7,52 милијарди, додека популацијата се проценува на околу 7,25 милијарди.