Пешачката патека која води од мостот кај каналот Студенчишта до Билјанини Извори во иднина ќе биде обновена и реконструирана.
За таа цел Охридската локална сампоуправа деновиве преку Електронскиот ситем за јавни набавки објави јавен оглас преку кој бара изработка на основен проект за изградба односно реконструкција на оваа патека.
Според Јавниот оглас, износот на оваа јавна набавка е околу 4.800 евра или точно 296.213,56 денари, а критериум за избор на изработувачот на проектот ќе биде најниската понудена цена. Рокот за поднесување на понудите истекува на 14-ти септември 2015 година во 13 часот.
OhridNews